Janko Ilkovski
20 години од ремек делото СТРАДАНИЕ на Мел Гибсон, филм кој треба да се гледа неколку пати во животот, а некои секој пат пред Велигден, на Велик Петок.
Овој филм го преведов и адаптирав за потребите на Кино Милениум и останатите кина низ Македонија.
Простете што нагласувам, но, еве, после 2 децении можам да кажам без да биде сфатено како горделивост туку огромна благодарност да ми се додели ваква задача.
Го преплакав додека го преведов, секој ден по минимум 8 часа на ден, цела недела можеби и 10 дена.
Можев побрзо, но се трудев секој збор, запирка, интерпункција да биде на место, да има точно значење, да е се прецизно и во тоа ми помогна една сестра, монахиња, како стручен консултант, а секако почесто во тој период одев на литургија и се причестував и се молев за дар од Светиот Дух, задачата да ја завршам најдобро што можам оти знаев дека цела црква ќе го гледа и моето име на крај ќе биде напишано.
Најголема награда ми беше признанието од мојот Духовник ?Митрополит Наум духовникот и скоро целиот синот од браќаа и сестрите.
Дистрибутерот инсистираше да ме плати, не сакав и одбивав но беа упорни. Се согласив на најмала можна сум, 3000 денари која ја донирав за деца.
Не знам колку бев успешен и не знам колку релано испадна добро и покрај сите честитки кои ги добив.
Каде е преводот? Појма немам. Милион расипани хард дискови и сменети компјутери исчезнало ... но останало, се надевам, некоја трага на еден мал мој скромен подвиг на работ на хоризонтот на случувањата кај некоја супермасивна црна дупка, како cloud на универзумов.
Ќе го изгледам повторно... можеби, го имам на блуреј, оригинал и пак ќе го преплакам, ќе истечам...
Само додека ми навираат зборовите и сликите ме расолзува. Слаба сум бил отсекогаш кога се емоциите во прашање, не, не е тоа доблест, треба се тоа да се доживее стоички, молкум, со созерцание и длабока љубов, а не солзи и тресење и потресување, со благодарност...
Но за жал не се искалив.... иако знајте, колку и да ве допира филмот, не е ни трошка од тоа какви навистина биле неговите страдања за наше спасение.
пс - ова беше мојот последен превод, скоро деценија работев како преведувач за приватни видеотеки, дистрибутери, МРТВ, Кино Милениум ,Фестивалот Манаки.